Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар со реми ги заврши подготовките во Австрија
ФК Вардар со реми  ги заврши подготовките во Австрија

ФК Вардар со реми ги заврши подготовките во Австрија

На последниот подготвителен натпревар во Австрија,екипата на Вардар ремизираше без голови против екипата на Макаби Петах Тиква од Израел.На овој меч тренерот Сергеј Андреев им даде можност за настап на оние играчи кои не беа во преден план за црвено-црниот дрес на изминатите натпревари.Шанси добија голманот Ристовски,потоа младите Стојановски,Сефаимовски,Петковски,Иванов,Распашковски.

avstrija 2

Мечот помина во изедначена игра,со моменти на доминација и шанси на двете страни.Во првото полувреме најсериозната шанса за погодок ја имаше играчот на Вардар Петковски кој со глава од само неколку метри не успеа да го совлада голманот на Израелците.Второто полувреме почна со неколку измени во екипата на Вардар,но за жал и тие не донесоа погодок.Во 64 мин. Гроздановски упати центар шут и се создаде мешаница во противничкиот простор,но одмбранбените играчи на Макаби ја остранија опасноста од својот гол.Најголемата шанса за погодок ја имаче Деспотовски на 10 мин. ,пред крајот на мечот после една грешка на противникот кој шутираше за малку непрецизно од рамката на голот на Макаби.

Овој натпревар беше последен од серијата дуели за летните подготовки кои се одвиваа во Словенија и Австрија.Оваа година тимот беше на долги ,квалитетни подготовки ,со многу квалитетни мечеви со противници од пореномирани лиги,низ кои тренерот Андреев можеше да ја темпира формата и да го создава костурот на тимот за почетокот на новата фудбалска сезона.Екипата се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните денови од подготовките пред дерби дуелот со тимот на Пелистер од Битола.

24.07.2014

фото:фквардар.мк

Leave a Reply