Според гласањето на фановите и новинарите на специјализираниот портал Балкан Хандбал,тројца ракометари на Вардар се најдоа во идеалната постава на Балканот.На позицијата лево крило беше избран Тимур Дибиров,миленик на публиката за кој ова е уште едно големо признание по она кога беше избран во ол-стар тимот на ЛШ.Игор Карачиќ е најдобриот среден бек,човек кој прераснува во лидер на екипата, и кој со своите игри оваа сезона во Рк Вардар го оправда и повикот на Славко Голужа во Хрватската репрезентација.Позицијата пивотмен му припаѓа на Алем Тоскиќ за кој ова беше прва сезона во Вардар,но незаменлив дел од играта на тимот,како во одбраната така и во нападот.
17.06.2014