Ракометниот клуб Вардар во четврток со почеток од 12:30 часот ќе одржи прес-конференција, по повод првиот четвртфинален натпревар од лигата на шампиони, против екипата на Веспрем. Овој дуел ќе биде одигран во сабота од 16 часот, за кој билетите се веќе распродадени. Двете екипи повторно ќе се “судрат“ после финалето во сеха-лигата. Веспрем е наш стар должник, па се надеваме дека сметките ќе ги израмниме по одигрување на двомечот во лигата на шампиони.