Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Mожни противници на Вардар во 1/8 финалето
Mожни противници на Вардар во 1/8 финалето

Mожни противници на Вардар во 1/8 финалето

Сега е веќе се јасно! Рк Вардар го освои 2-то место во нашата група. Тоа значи дека за противник во 1/8 финалето ќе добие противник кој е третопласиран во другите три групи. Исто така Вардар ќе важи и за носител, односно возвратниот меч ќе го одигра пред својата публика.

Можни противници се:

Фленсбург (Германија)
– Стариот должник од лани, нетреба многу зборови да се трошат на овој тим, минатата година шампионот за влакно се спаси во Скопје, а потоа стана и Европски првак.

Висла ( Полска)
- Доколку Полскиот тим утре успее да го совлада Фленсбург, ќе го освои 3-т0 место во својата група.

Загреб (Хрватска)
- Можеби најпосакуваниот противник во 1/8 финалето е Загреб, добро познат противник кој го води легендата на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Данќер (Франција)
- Францускиот преставник во една изедначена група е во предност и треба да го освои третото место со 8 освоени бодови.

Ждребот е во вторник во 12:30 часот во Виена