Прекрасна вест за нашиот Жрк Вардар ни пристигнува од Унгарија поточно од Унгарскиот спортски портал “nemzetisport “ . Како што донесува истиот две квалитетни Дански репрезенативки ќе ги засилат Црвено-црните девојки по крајот од тековната сезнона .
Станува збор за 25 годишната ракометарка Кристина Кристијансен која игра на позиција среден бек и која е моментално најдобар поединец во Данската репрезенација . Таа има актуелен договор со тимот на Холстебро кој и завршува, и Вардар и е идеална дестинација како што се вели во веста за исполнување на целта да игра во поамбициозна средина . Второто засилување е пикерот Мете Граволт, за која позиција знаеме дека е навистина “ најтенка “ кај Вардарки . Триесет годишната Мете во моментов е член на тимот на Виборг .
Сите услови по овој извор се договорени и понатамошната соработка помеѓу двете Дански репрезенативки и ЖРК Вардар е веќе готова и потврдена работа . Очигледно доаѓањето на прославениот Дански ракометен стручњак и долгогодишен селектор на репрезенацијата Јан Питлик на позицијата Асистент на Индира Кастратовиќ, покрај асистирање во водењето на тимот носи и “магнет“ за доаѓањето на Данските девојки во таборот на Вардар .