Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Александар Трајчевски: Ќе продолжиме со појако темпо за да покажеме на сите кој е Вардар.

Александар Трајчевски: Ќе продолжиме со појако темпо за да покажеме на сите кој е Вардар.

Пионерите на Фк Вардар во пресрет на пролетниот дел од сезоната одиграа пријателски натпревар против екипата на Скопје. Натпреварот се играше на теренот во Марино, и заврши со победа на Вардар со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Александар Трајчевски, и капитенот Дејан Маркоски.

-Во денешниот натпревар, против екипата на ФК Скопје секој од нас го даде максимумот за на крајот да издвојуваме победа од 2:0. Советите од тренерот Ане Андоновски ни помагаат во секој натпревар да бидеме подобри, и тоа го покажуваме со секоја утакмица. Воиграноста помеѓу нас играчите расте со секоја утакмица, и секако ќе продолжиме со уште појако темпо за да покажеме на сите кој е ВАРДАР! Бев стрелец на вториот погодок и сум многу среќен што сум во одлична форма, која ќе се трудам да ја зголемам за престојниот дел од сезоната.

Оваа екипа се пласираше во полуфиналето на националниот куп, каде очекувањата за освовојување на истиот се големи.

10636328_657120411073993_3439124499213387464_n

- Подготовките течат во најдобар ред, по тренинзите за физичка подготвеност сега следува делот од подготовките за воигрување на тимот. Дека напорно работиме на секој тренинг покажуваме на секоја утакмица и со нетрпение го очекуваме продолжението на сезоната, а најмногу и полуфиналните дуели во купот на Македонија, каде се надеваме и сме силно мотивирани да ја освоиме титулата, ни изјави Александар Трајчевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски