Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров за Вардарфанс : Одиме чекор по чекор, за да испишеме историја оваа година
Тимур Дибиров за Вардарфанс : Одиме чекор по чекор, за да испишеме историја оваа година

Тимур Дибиров за Вардарфанс : Одиме чекор по чекор, за да испишеме историја оваа година

Избраниците на Раул Гонзалес на вчерашниот натпревар мокажаа моќ, сила и демонстрација против една од најсилните екипи во најсилната Бундес лига. Од почетокот па се до крајот на натпреварот имаа постојана предноста, која на моменти достигнуваше и плус единаесет гола. Од прв до последен изиграа на највисоко ниво, а меѓу нив повторно во центарот на вниманието со своите потези беше и најдобриот играч на Вардар-Тимур Дибиров.

-Среќен сум што играм во екипа која има таков карактер, и такво големо срце. Игравме перфектно на двете страни, и во напад и во одбрана. Одиме понатаму, чекор по чекор за да испишеме историја оваа година, и да славиме сите заедно. Без таква подршка каква што беше синоќа во Германија, ќе немавме шанси да оствариме успех. Голема благодарност до навивачите. Секоја чест за нив, изјави Дибиров за Вардарфанс.

Со неговите шест гола, сега има вкупно 69 погодоци,и во сенка го следи Кирил Лазаров кој сеуште не ја дава првата позиција.

Звонко Ивановски