Доцна ноќеска младите ракометни црвено-црни надежи предводени од Андријана Будимир вардаровите пионери замина за градот Жебче, во Босна и Херцеговина. Тие таму ќе бидат учесници на силен меѓународен ракометен турнир.
Според планираното турнирот ќе започне на 22-р април , а ќе заврши на 24-ти април. Ова е третото издание на силниот меѓународен ракометен турнир “Ракометот во срцето, Завидовиќи-Жепче 2016“ во Босна и Херцеговина. На истиот десет клубови и две репрезентации од вкупно пет земји ќе земат учество на овој турнир. Покрај нашите пионери и младинците на црвено-црниот ракометен колектив, Вардар ќе земат учество на истиот турнир. Пионерите предводени од Андријана Будимир генер. 2002/03 и младинците на Слободан Чивлачки, родени 1999 година ќе не претставуваат на турнирот во Завидовиќи. Во двете категории ќе се натпреваруваат десет екипи, поделени во две групи.