Од РК Вардар јавуваат дека сите билети се распродадени за утрешниот спектакл кој ќе се случува во Спортскиот центар Јане Сандански. Повеќе од 5 ипол илјади влезници се продадени на еден ден пред почетокот на натпреварот. Тоа значи дека Вардарци утре ќе го имаат својот осми играч кој ќе придонесе за убав амбиент и ”ветер во грб” кон што поголема разлика.
Само за мало потсетување, најверните навивачи на РК Вардар, популарните Комити своите билети за овој натпревар како и вообичаено ќе ги подигнат неколку часа пред почетокот на натпреварот кој ќе чини 100 денари. Исто така од 13 часот подгревањето на атмосферата започнува со забава во Фан Зоната Вардар, на платото пред СЦ Јане Сандански, се гледаме!