Викендов на програмата нема да бидат мечевите од ракометната вардарова “Јуниор лига“, истата е одложена заради мечот Вардар- Веспрем во 1/4-финлаето од ЕХФ Лигата на шампионите кој ќе се одигра денес, сабота со почеток во 16-00 во спортско рекреативниот центар “Јане Сандански“ . Минатата недела во оваа црвено-црна ракометна лига се одиграа мечеви во две спортски сали. Машките дуели во оваа црвено-црна ракометна лига се одиграат во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“, а пак дуелите кај младите ракометарки се одвиваа во Спортско рекреативниот центар “Кале“. Минатото коло на програмата беа дуелите во следните старосни категории: генерација 2002/2003, генерација 2004/2005, и генерација 2000/2001 во машка и женска конкуренција.
Возбудувањата во ракометниот сегмент од Јуниор лигата ќе продолжат следниот викенд, односно во сабота кој е единствен работен ден.