Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор минимално поразен во дербито кај Металург
ЖРК Вардар Јуниор минимално поразен во дербито кај Металург

ЖРК Вардар Јуниор минимално поразен во дербито кај Металург

Вчера во спортската сала Автокоманда се одигра мечот кој го носеше приматот “дерби за вице-шампионската позиција“. Во истиот младите вардарови надежи, девојките од ЖРК Вардар јуниор гостуваа кај ланскиот вице-првак екипата на ЖРК Металург. Избраничките на Симе Симовски пропуштија прилика со бод да се вратат од ова исклучително тешко гостување за нив, тие беа поразени од домашните ракометарки со резултат 26-25.

Први водство на мечот имаа “сино-белите“ девојки кој првиот дел го отворија со резулат 3-1. Нашите млади вардарки заиграа поактивно во продолжението и по половина од првиот период го преземаа водството и поведоа со 5-6. Сепак домаќинките во втората четвртина од мечот успеаа да бидат поуспешни од нас и на своето конто да впишат три гола повеќе. На одмор се замина со резулат 13-11 на семафорот во Автокоманда. Вториот го почнавме солидно и девојките од  Јуниор да намалат на  14-15, Сепак Металург направи серија од 5-1 со која се одлепи на за нив највисоки плус пет, односно 20-15. До крајот се трудевме да се доближиме и да изедначиме но не успевавме, единствено што успеавме да го ублажиме нивното водство и да бидеме поразени само со еден гол, мечот заврши со 26-25. Кај нас најефикасна денес беше Керамичиева со 10 погодоци во мрежата на Металург, по неа најефикасна беше Стојановска која впиша гол помалку зад своето име односно постигна 9 погодоци. Следен предизвик за младите вардарки е мечот со сениорскиот вардаров женски ракометен колектив, закажан за на 27/04/2016.

Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда, Петковска, Стојановска 9, Трпковска, Георгиевска, Николовска, Митова 3, Бојаџиска, Нолевска 3, Велкова, Трајевска, Џани, Керамичиева 10, Мишевска.