Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар ќе играат во големото финале на турнирот во Босна!
Пионерите на РК Вардар ќе играат во големото финале на турнирот во Босна!

Пионерите на РК Вардар ќе играат во големото финале на турнирот во Босна!

Нашите пионери уште еднаш не израдуваа со убедлива победа во полуфиналето на силниот турнир во Босна, совладувајќи ја екипата на РК Слога од Добој, која во двобојот за финалето дојде како прво пласирана екипа во својата група, со сите добиени мечеви.

Во првото полувреме се водеше прилично изедначена битка за сепак на полувреме да биде 6:5 за нашите момци. Во вториот дел Вардар целосно издоминира како во нападот, така и во одбраната каде што на противникот му дозволиме да постигне само два гола за 30 минути. Ваквата игра ја крунисаа со двојна разлика победувајќи го противникот со 14-7. Финалниот натпревар ќе се одигра во 15-30ч против тимот на РК Јерузалем oд истиот ќе можете да следите директен пренос преку стрим-ТУКА

Будимир за Вардар фанс: Многу сум горда и задоволна од прикажаната игра и борбеноста на моите момци и искрено се надевам на освојување на злато на овој силен меѓународен турнир.