20 Годишниот крилен играч на ФК Вардар Јасир Асани овој викенд прослави мал јубилеј. Асани на средбата против Шкендија го запиша својот 50 официјален првенствен настап во црвено – црниот дрес. Овој јубилеј популарниот Јаско на најдобар можен начин ќе го памети, бидејќи на својот јубилејен настап постигна погодок важен три бода.
Инаку ова е трет гол за Асани оваа сезона во дресот на ФК Вардар, тој досега има одиграно 12 натпревари или попрецизно 499 одиграни минути, девет пати започна како стартер, а на три средби шанса доби од клупата за резерви.