Нма играње со кадетите на Фк Вардар, па дури ни во пријателски натпревар. Вчера на теренот во Марино, тешко ја поразија екипата на Работнички , која доживеа вистински дебакл од нашите надежи. Натпреварот заврши со убедливи 5:1 за Вардар. Хет трик на овој меч постигна Јасир Беќири,а во листата на стрелци се запишаа уште Есмин Личина и Ердон Даци.
-На натпреварот со лутиот ривал Работнички , демонстриравме одлична игра , функцинониравме беспрекорно на сите делови од теренот. Покажавме една супериорност и надмоќност над противникот, за што доказ е и високата победа од 5 : 1.
-Оваа екипа продолжува со подготовките, пред стартот на пролетниот дел од сезоната, каде се наоѓаат на првото место.
-Што се однесува до самите подготовки тие течат во најдобар ред, сите сме максимално посветени и напорно работиме. Целта и амбициите на тренерот и на сите играчи е секако освојување на двојната круна. Нешто за што сме убедени сите дека ќе го оствариме, ни изјави Филип Јошевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски