Во С.Р.Ц.Кале викендов втората екипа на Жрк Вардар одигра два пријателски натпревари против екипата на Левалеа од Никсиќ. И на двата меча беа забележани победи.
-Двата натпревари против Левалеа ги одигравме одлично. Можеме да бидеме задоволни од прикажаната тимска игра. Издвојувавме победи и на двата меча. Бевме засилени со четири играчи од првиот тим: Ивана Гакидова, Сара Митова, Симона Стојановска и Итана Грбиќ. Добро ни дојде нивната помош, ни изјави Марија Прленда за нашиот сајт.
Вториот дел од сезоната во супер лигата започнува на 7/8 март. Прв противник за избраничките на Симе Симовски, е екипата на Металург.
Звонко Ивановски