Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Зоран Недевски: Атмосферата во екипата е одлична

Зоран Недевски: Атмосферата во екипата е одлична

Младинците на Фк Вардар одиграа нерешено со екипата на Работнички. Ова беше еден од неколкуте подготвителни натпревари за младинците во изминатиов период. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Стрелец на голот за Вардар, беше Тони Мирчевски.

11004363_10203929911351396_1243674207_n

-Многу тежок натпревар, без оглед на тоа што беше пријателски. Ова е прв меч што го завршиме со реми за време на подготовките. Екипата на Работнички без многу шанси, успеа прва да поведе. Ние имавме многу неискористени прилики, но сепак израмнивме со голот на Тони Мирчевски. Подготовките се одвиваат во најдобар ред, атмосферата во екипата е одлична, ни изјави Зоран Недевски за нашиот сајт.

Првиот официјален натпревар во пролетниот дел, ќе го имаат на 11-ти март во рамките од 1/2 на националниот куп. Првиот меч, црвено-црните го играат на домашен терен.

Звонко Ивановски