Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Марија Ивановска: “Јуниор“ лигата им дава предност на младите членови да напредуваат и да покажат што умеат
Марија Ивановска: “Јуниор“ лигата им дава предност на младите членови да напредуваат и да покажат што умеат

Марија Ивановска: “Јуниор“ лигата им дава предност на младите членови да напредуваат и да покажат што умеат

Во изминативе некаде пет месеци активна е “Вардар Јуниор“ лигата, во која ќе се натпреваруваат ракометните академии кои се дел од клубот. Се  натпреваруваат екипи од вкупно 20 различни ракометни школи низ цела Македонија. Ракометниот клуб го следеше примерот од фудбалскиот, каде започна да фунционира слична ваква лига за младите и перспективни дечиња. Целта е да се прошири Вардар лигата низ целата земја и останатите клубови да се приклучат во овој голем проект во кој се вклучени најмладите. Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите во оваа лига. Ние како медиум кој известува за младите категории, паралелно ги пратиме случувањата во истата, каде доминирааат изјави од младите спортисти. Во наредниов текст можете да прочитате за размислувањата и впечатоците од Јуниор лигата, од Марија Ивановска која игра за РК Кузман-Вардар.

-Според мене лигата на Вардар претставува еден предизвик за секој од нас. Идејата за оваа лига е одлична, бидејќи ни се дава една предност на нас младите членови од академиите. Мислам дека и во наредните години треба да се одржува оваа лига, бидејќи така ќе има повеќе напредок помеѓу играчите и екипите. Така ни се даваат повеќе шанси за да го покажеме он што го умееме и сето тоа што до сега сме го стекнале. Исто така е супер бидејќи имаме можност да стекнеме нови пријателства.

Ивановска настапува за генерација, родени 2000/01 година, под водство на тренерите Александра Кузмановска и Александар Савов.

-Дел сум од ракометниот клуб РК Кузман – Вардар и сум задоволна од соработката во нашиот тим. Заедно со екипата се трудиме да го извлечеме нашиот максимум и да ги покажеме нашите вешти знаења кои што ги стекнуваме на сите напорни тренинзи .Од резултатите кои што ги имаме постигнато досега сум многу задоволна, бидејќи секој натпревар за нас претставува еден предизвик кој што се трудиме за до го поминеме и да стигнеме до голема победа.

Најдобрите од сите учесници во “Јуниор“ лигата ќе имаат можност да се приклучат да играат во младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Секако и желбата да се биде на врвот со својата екипа е голема.

-Оваа лига за мене претставува еден предизвик и една замислена цел до која што јас со голем труд се трудам да ја постигнам, бидејќи само најквалитетните играчи од академиите можат да бидат дел од младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Најпозитивно од оваа лига е тоа што се натпреваруваме со екипи од други градови и тоа придонесува да се стекне едно пријателство помеѓу сите нас. Во оваа лига ние го придонесуваме најдоброто од нас за да се избориме до финалето заедно со мојот тим, изјави Марија Ивановска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски