Младиот вардаров колектив ЖРК Вардар јуниор предводен од шефот на стручкиот штаб на вардарки и селектор на македонската А-селекција Симе Симовски го чекаат нови предизвици во плеј-офот од суперлигашката женска конкуренција. Следен противник за нашите млади девојки е тимот на битолски ЖРК Пелистер.
Во овој дуел од плејофот зелено-белите ракометарки ќе бидат домаќинки во спортската сала “Младост„ во градот под Пелистер, дуелот е закажан за на 6-ми мај, петок во 19-30 часот. Пелистер е најслабата екипа во Плеј-офот во кој учество имаат земаат шест екипи. Тие во досегашните четири кола кои ги одиграа имаат исто толку порази на своето конто. Младите вардарки во четири кола имаат половичен успех две победи и два поразан, но едниот е од првиот тим кој се очекува да им нанесе пораз на сите екипи дома/гости знаејќи ја супериорноста на тимот предводен од клупата од фантастичниот двоец Индира-Дејвис . Вардар јуниор и екипата на ЖРК Металург се главни кандидати за вице- шампионската позиција на која атакуваат и за која ќе се борат до крај, за да завршат веднаш зад супериорниот прв црвено-црн женски ракометен колектив. Во првиот меч девојките од Автокоманда ни нанесоа пораз, шанса за реванш и доближување до обезбедување на втората позиција е мечот кога ние ќе бидеме домаќини во “Јане Сандански“ веќе следното коло на 18-ти мај.