Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Индира-Дејвис ќе носат 18 ракометарки за Будимпешта
Индира-Дејвис ќе носат 18 ракометарки за Будимпешта

Индира-Дејвис ќе носат 18 ракометарки за Будимпешта

Избраничките на тренерскиот двоец Индира Кастратовиќ и Давид Дејвис кој од кога работи заедно не знае за пораз вчера го одработеа последниот тренинг во Скопје, пред денес  да отпатува за Будимпешта. Таму ќе настапат на третиот по ред за нив  завршен Ф-4 турнирот во женскиот сегмент од ЕХФ Лигата на шампионите.

 Тимот изминатиот период се подготвуваше максимално, со целосна посветеност кон големата шанса, но и предизвик шампионската европска круна, девојките се подготвени да го остварат  за најголемиот резултат досега со женкиот ракометен тим Вардар. Веќе поодамна противникот во полуфиналето е познат, тоа е тимот на романски  ЦСМ Букурешт, колектив со  кого Вардар двапати го победи во главната фаза и двапати го победи. Сепак како што предупредија од нашиот стручен штаб тоа е минато. Според планираното тренерскиот двоец решил  да ги носи во Будимпешта сите 18 ракометарки, па таму ќе прават планови кој ќе игра. Вардарки патуваа денес   во 11 часот и 15 минути со лет до Виена. Тие  потоа со автобуски превоз ќе се упатат кон   Будимпешта каде ќе се одигра завршниот турнир на четирите најдобри европски женски екипи оваа натпреварувачка 2015/2016 сезона во Л.Ш. Според претходно зацртаното планирани се два тренинга, а полуфиналето со Букурешт се игра во сабота во 17:45 часот и од истото како и во текот на целата сезона од женскиот европски ракометен шампионат пренос ќе врши Македонската радио и телевизија на нејзиниот прв програмски канал.