Црвено-црните девојки пристигнаа во Будимпешта град каде ќе се одигра Ф-4 завршниот турнир во женска ЕХФ Лига на Шампионите. Нашите ракометарки нормално се со големи очекувања и огромна желба за успех. Таму се 18 девојки кои го прославија роденденот на црнагорката Андреа Кликовац. Лесно беше да се погоди што ќе посака таа за својот 25 роденден таа вели :
Јас нема да кажам што ми е желбата, ама мислам дека веќе се знае. Девојките рекоа дека ќе ми дадат подарок по викендот, па ќе видиме, можеби ќе го добијам в недела на финалето.