Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига
Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига

Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига

Денес продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година одиграа два натпревари, на кои имаа половичен успех од една победа и пораз. Противници ни беа екипите на Њу Старс и Форца.

Најпрво на терен излегоа екипите на ФК Вардар (1) и Њу Старс. Овој натпревар убедливо го добија нашите млади надежи, кои без поголеми проблеми го совладаа противникот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 9:0. Огнен Здравковски беше играчот кој прв се закани кон противничкиот гол. Георг Стојановски пред да ја започне својата гол серија, имаше одлични прилики и тоа на два пати во една иста акција, но противничкиот голман не дозволи рано отварање на резултатот. Сепак на првиот погодок не се чекаше многу време, откако Стојановски не греши повторно, па со глава ја сместува топката во противничкиот гол за водство од 1:0. Истиов играч имаше можност брзо да постигне и втор гол, но пречката беше сојузник на Њу Старс. а на одбиената топка Здравковски не успеа да го пронајде патот кон мрежата. Акција на Здравковски и Стојановски, која со гол ја завршува Георг за водство од 2:0. Сандро Каровски се обиде со удар, но брани голманот. До крајот на првото полувреме, уште два погодоци во мрежата Њу Старс. Хет-трик за Стојановски, кој погодува од пенал, после три направени корни на противникот. Истиов играч асистира до Горазд Попов за веќе убедливи 4:0 на полувреме.

Уште во првата минута од вториот дел, Георг Стојановски ја погоди мрежата на Њу Старс, негов четврти гол на натпреварот за резултат 5:0. Во листата на стрелци денес се запиша и одличниот Огнен Здравковски и тоа со удар од белата точка, за водство од 6:0. Втор погодок и за Горазд Попов за 7:0, кој ја смести одбиената топка во противничкиот гол. Претходно вистинска “бомба“ упати Здравковски, која заврши во пречката. Уште два гола во противничката мрежа до крајот на натпреварот, со погодоците на Димитар Стоимов (8:0), и Огнен Здравковски (9:0) за конечен резултат на овој меч.

Веднаш после нив натпревар одиграа Вардар (2) и екипата на Форца. Противникот беше поуспешен на овој дул, со минимален резултат од 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Софијаноски, кој е иден играч на Вардар од следната натпреварувачка сезона. Мечот почна доста цврсто на двете страни, без поголеми шанси за отварање на резултатот. Некаде на средината на првото полувреме, Софијаноски ја погодува нашата мрежа за предност од 0:1, што на крај се покажа и како конечен на овој дуел. До крајот на првиот дел се обидовме преку Анчевски, кој шутираше покрај гол, а најубавата прилика ја имаше Марио Сурлов, кој од слободен удар ја погоди пречката од голот на Форца.

vardarfans poraz od forca

Во вториот дел резултатот остана непроменет, иако Вардарци имаа неколку шанси за погодок. Теодор Перковски прв се закани со удар над голот. Вардар имаше иницијатива но без резултат, Максим Милошевски шутираше, сепак денес одлично бранеше голманот на Форца. До крајот на натпреварот прилики уште и за Анчевски и Ивановски, сепак резултатот остана непроменет.

Утре ќе се одигра последното коло од регуларниот дел на оваа лига. ФК Вардар (1) на истиов терен ќе одигра меч, против екипата на Албион со почеток од 11 часот. Инаку двете екипи на Вардар како првопласирани го завршија регуларниот дел од сезоната.