Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар не успеа ниту во третата сезона да обезбеди финале во ЛШ
ЖРК Вардар не успеа ниту во третата сезона да обезбеди финале во ЛШ

ЖРК Вардар не успеа ниту во третата сезона да обезбеди финале во ЛШ

Вардарки не успеаа во своето трето полуфинале од лигата на шампиони да победат. Лошо издание на нашите девојки кои беа поразени од екипата на Букурешт.

Добро го започнавме натпреварот со погодок на Јованка Радичевиќ од контра-напад, но потоа следуваше голема криза во нашата игра, односно противничкиот голман Грубишиќ беше најголемиот кривец за нашата неефикасност. Следеше серија на ЦСМ Букурешт од седум последователни гола за убедливо водство од 7:1, а својот втор погодок Вардар го псотигнува дури во 14 минута. Грубишиќ правеше чуда на голот на Романската екипа и за 5 минута веќе нанижа осум успешни интервенции. Ние продолживме со слава игра и во продолжение од мечот, што му овозможи на противникот и највисоки седум гола разлика, или 10:3 во 19 минута од натпреварот. Оваа позитива ја одржаа до последните шест минути, кога конечно црвено-црните со нешто подобра игра успеваме до полувреме да намалиме на 14:9. Нашите голманки во првото полувреме беа невидливи, иако и Лејно и Суслина имаа можност да го чуваат нашиот гол.

Амандин Лејно одлично го започнува второто полувреме со две одбрани, но нејзините сограчки во нападот не успеваат да искористат веќе четири напади. Букурешт прв погодува во овој дел од играта, зголемувајќи на 15:9. Конечно прв погодок и за Вардар во 36 минута и тоа дело на Дембеле. Наместо да ја намалиме негативата, Сокач не успева да погоди од седум метри, затоа на спротивната страна противникот погодува за 16:10. Не успеваме да се соземе ниту на почетокот на второто полувреме, во нападот игравме слабо со слаби удари кон голот, додека Букурешт умешно ја заголемуваше разликата за највисоки 18:10 во 40 минута. Грубишиќ веќе ја забележа својата 15 одбрана, од 25 удари кон нејзиниот гол. Ни самите себе неможевме да се пронајдеме во играта, Букурешт веќе имаше неверојатни 22:11. Конечно ние успеавме со серија од три псоледователни гола да намалиме на 22:14. До крајот на натпреварот Букурешт ја сочува стекнатата предност и без поголеми проблеми го приведе мечот кон својот крај. Конечниот резултат гласеше 27:21.

Вардар и трета година по ред остана без финале во лигата на шампион. Утре ќе играме за третото место против екипата на Будуќност.