Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2003“ со триумф го завршија регуларниот дел од сезоната во детската лига. Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Шкендија (Арачиново). Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0. Иван Пашариковски постигна два гола, додека еден беше дело на Дарио Јовановски.
Резултатот на овој меч не беше во преден план за тренерот Ане Андовски кој им даде шанса за настап на сите играчи и подеднаква минутажа на теренот. Вардарци имаа целосна доминација во текот на целиот меч и покрај трите постигнати голови имавме уште неколку добри прилики. Марио Петрушевски беше првиот кој се закани кон противничкиот гол, но неговиот удар го брани голманот на Шкендија. Се обидоа и Дарио Јовановски и Филип Ѓорѓовски кои шутираа преку голот. Во следниот период црвено-црните имаа целосна офанизва, но без посериозна прилика за погодок. Шкендија конечно упати удар, кој заврши над нашиот гол. Конечно гол за Вардар, дело на Дарио Јовановски кој најдобро се снајде при една одбиена топка од голманот, кој ја смести во противничката мрежа за водство од 1:0. Ова беше резултат по првото полувреме.
Во вториот дел, тренерот Андовски ја смени целата прва постава, давајќи им шанса и на останатите играчи. Првата прилика во вториот дел ја имаше Александро Прелоговски кој направи се сам, ослободувајќи се од неколку противнички играчи, но неговиот удар е непрецизен. Стојчевски и Марковски беа следните кои упатија удар, но голманот на Шкендија ги скротува нивните одбрани. Уште една добра прилика имаше Прелоговски кој упати удар над противничкиот гол. Последните десет минути од натпреварот му припаднаа на Иван Пашариковски, кој ги постигна преостанатите два гола. Вториот за предност од 2:0 беше вистинско ремек дело на овој млад играч, кој погоди од голема далечина во горниот агол од голот на Шкендија. Уште еден гол за Пашариковски до крајот за водство од 3:0.
Оваа Вардарова генерација го заврши регулаларниот дел од сезоната на првото место на табелата. Од следната недела ќе започнат натпреварите од плејофот.