Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Прво место за генерациа “2003“ во детската лига, без примен погодок на осум натпревари
Прво место за генерациа “2003“ во детската лига, без примен погодок на осум натпревари

Прво место за генерациа “2003“ во детската лига, без примен погодок на осум натпревари

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени „2003“ година го заврши регуларниот дел од детската лига, убедливо на првото место на табелата. Во пролетниот дел беа забележан девет победи, еден нерешен резултат и два порази, кои беа единствени во текот на целата сезона за избраниците на Ане Андовски. Ако се додадат десетте победи од есенскиот дел, без ниту еден нерешен резултат и неуспех, тоа се вкупно 19 победи за нашите млади надежи. Да не беше оној кризен период, кога екипата беше во мал пад на формата, сигурно дека ќе имавме имресивна бројка на освоени бодови.

Пролетниот дел одлично го започнавме со триумф против Кул, кој беше всушност заостанат меч од есенскиот дел, по што следеа три натпревари за црвено-црните без победа. Тие всушност беа и единствените натпревари на кои не освоивме бодовите. Најпрво одиграме реми (1:1) против екипата на Металург, а после тоа дојдоа поразите од Милано и Фортуна. Но брзо се вратија Вардарци во форма, покажувајќи го својот огромен квалитет и потенцијал на натпреварите до крајот на регуларниот дел. На останатите осум натпревари беа забелажани исто толку победи, а освен тоа не се најде противник кој успеа да ни постигне гол. Осум последователни мечеви во лигата, избраниците на Ане Андовски ја зачуваа својата мрежа незатресена. Во пролетниот дел постигнавме вкупно 60 голови, а примивме само 4, односно вкупно 5 во регуларниот дел. Допадлив фудбал за око, со прецизни проигрувања, константен притисок на противничката половина со преходно тренерирани и умислени акции, ја красат оваа генерација. Големата дисциплина што ја наметнува тренерот Андовски, ни дава за право да кажеме дека го играат можеби и најубавиот фудбал во лигата.

Сите постиганти резултати во пролетниот дел:

Вардар – Кул  8:0

Вардар – Металург  1:1

Вардар – Милано 0:1

Вардар – Фортуна  1:2

Вардар – Гоблен  5:0

Вардар - Смилковци  4:0

Вардар - Еуроспорт  6:0

Вардар – Кул  12:0

Вардар – Македонија Ѓ.П 3:0

Вардар – Тефејуз  13:0

Вардар – Цементара  4:0

Вардар- Шкендија (Арачиново)  3:0

Оваа генерација стана и есенски шампион со максимален број на освоени бодови.

Во елиминацискиот дел настапите ги завршивме во четвртфиналето. За да се стигне до најдобрите осум екипи, избранциите на Ане Андовски мораа да одиграат два натпревари, кои ги добија убедливо во своја корист. На првиот натпревар совладана беше екипата на Шкупи, додека на вториот и решавачки меч за пласман на завршниот турнир ја победивме екипата на Милано.

Вардар – Шкупи  3:0

Вардар – Милано  5:0

Во четвртфиналето се сретнавме со екипата на Постолов Пандев, меч кој за жал го загубивме. Иако бевме подобра екипа во текот на целиот меч со поголем посед на топка и повеќе шанси, сепак на крајот Постолов Пандев со удар од белата точка успеа да слави. Ние први поведовме на овој меч, но противникот направи резултатски пресврт.

1/4  Вардар – Постолов Пандев  1:2