Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ШАМПИОНИ! ЖРК Вардар го победи Металург и го освои Купот на Македонија
ШАМПИОНИ! ЖРК Вардар го победи Металург и го освои Купот на Македонија

ШАМПИОНИ! ЖРК Вардар го победи Металург и го освои Купот на Македонија

Предмалку заврши финалето во Купот на Република Македонија во женски ракомет, на кое победник е нашиот женски ракометен клуб Вардар. Вардар беше предводен од Камара кој ја менуваше Индира која не можеше денес од лични причини да биде на клупата на Вардар. Вардар одмараше дел од ракометарките бидејќи исходот беше однапред познат. Во дуелот однесовме висока победа со 21-39 , на полувреме беше 8-23.

Први со гол мечот го отвори Човиќ, потоа плаво-белите добија седмерец кој Суслина го одбрани.  Потоа вардарки “фуриозно“  отидоа на 5-0 со голот на Черноиваненко по што клупата на Металург побара тајм-маут. Веднаш по него конечно првпат во 8 минута гол за нашите противнички, по тоа следуваше нова серија 4-0 за наше водство 9-1 во 11 минута. Металург конечно одигрува малку рамноправно дури ја намалува за еден гол предноста односно 4-11. Потоа следуваше нова серија 5-0 за нас претежно од контра лесни погодоци за нашите крила по долги топки од Суслина која брани фантастично и во 20 минута има 10 одбрани од кој 3 пенала.  Повторно тајм-маут за сино-белите , по крајот на истиот дават веднаш гол за 5-16, но повторно вардарова серија. Црвено-црните прават серија 4-0 и поведуваме преку Кликовац 5-22 во 27 минута. Нашите противнички конечно имаат период кој може да се каже дека им припадна во последните три минути  прават 1-3 и одат на пауза со 23-8.

Драгана Петковски на почетокот од вториот дел ја замени Суслина, Камара даде шанса и на втората македонка Сара Ристовска. Во првите седум-осум  минути во вториот дел  игра гол за гол по четири гола во двете мрежи предноста е уште плус 15 за нас, резултатот во 38 минута во салата “Автокоманда“ каде се игра овој меч е 12-27. Точно на средината од вториот дел резултатот на семафорот беше 14-30. Со вториот гол на Ристевска по асистенција на Петковска поведуваме со 16-32. Преку Грбиќ која ја игра последната сезона во црвено-црниот дрес зголемуваме на 18-36 во 24 минута што наша најголема предност 18 плус. Се до крајот е рутина за избраничките на Камара, третиот последователен трофеј во купот го освоивме со резулат 21-39.

Ина Суслина е најдобар голман на финалето, Човиќ е најдобар стрелец, за “МБП“ на Ф-4 е прогласана Кликовац.

Вардар: Петковска 8 одбрани, Лејно, Суслина 11 одбрани (4 пенала), Кликовац 5, Дамњановиќ 7, Дембеле, Сокач 6, Пенезиќ, Черноиваненко 7, Човиќ 5, Ихнева 1, Хмирова 4, Ристовска 2, Грбиќ 2.