Организаторот на играта на Вардарки и Српската репрезентативка Андреа Лекиќ денес е успешно оперирана во Финска. Подолго време ја мачеше повреда на ахиловата тетива на десната нога, а најголема болка почуствува на полуфиналниот натпревар од лигата на шампиони, против екипата на Букурешт. По консултација со лекарскиот тим, се дојде до решение дека е најдобро да се изврши хируршки зафат, кој денес помина во најдобар ред. Се проценува отсуство од терените околу 2 месеци, а бидејќи се ближи крајот на сезоната, можеби овој период беше и идеален за вакво нешто. Сега е најважно за Андреа да мирува и полека да се опоравува. Ја чекаме на теренот за стартот на подготовките за следната натпреварувачка сезона. И посакуваме успешно опоравување.
Home > ЖРК Вардар > Успешно оперирана Андреа Лекиќ, се враќа на теренот на стартот на подготовките за следната сезона