Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетското финале од купот за екипата на Академија Пандев, која беше подобра од Вардар
Кадетското финале од купот за екипата на Академија Пандев, која беше подобра од Вардар

Кадетското финале од купот за екипата на Академија Пандев, која беше подобра од Вардар

Денес на тренинг центарот “Петар Милошевски“ се одигра кадетското финале од купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и Академија Пандев. Победник беше екипата од Струмица, која славеше со минималерн резултат од 1:0.

Тренерот Влатко Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Зибери, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Насковски, Менкиноски, Стојчевски, Бериша, Битиќи, Петревски, Трајчевски.

Мечот започна доста претпазливо за двете екипи, влогот беше несомено голем се играше сепак финале. Академија Пандев прва имаше удар, но надвор од рамките на нашиот гол. Сепак првата посериозна прилика за отварање на резултатот ја имаа црвено-црните. Се играше акција од левата страна, кога Гоце Насковски проби биеше, но со крајни напори противничкиот голман го скротува неговиот удар. Во следниот период се играше по средината на теренот, без некоја поконкретна акција. Удар имаше и за А. Пандев, удар по земја кој заврши во рацете на Зибери. Александар Трајчевски дефинитивно ја имаше најголемата прилика за да поведеме на овој натпревар. Од истата страна, не успеа еден од противничките дефанзивци да ја избие топката, Трајчевски се бореше до крај ја зема топката напрви неколку движења, но завршниот удар завршува над голто на А. Пандев. Вратија Струмичани на спротивната страна, од слободен удар но брани нашиот голман Зибери, кој исфрла во корнер. Беше направена една замена во нашиот состав, Битиќи мораше принудно да го напушти мечот поради повреда, на негово место влезе Дејан Стоименов. Првото полувреме завршува со резултат 0:0.

vardrafans igra

Вториот дел го започнавме поконкретно, прв удар покрај противничкиот гол имаше Јакуп Бериша. Следен кој се закани беше Насковски, но резултатот сеуште е непроменет. Нова замена во редовите на Вардар, излезе Бериша, влезе Дардлиша. Прва стопроцентна прилика за А. Пандев, се направи многу простор од левата страна, изби еден од играчите на Пандев, но Малик спречува чист погодок. Стивна малку играта, Вардар имаше поголем посед на топка се обидуваше да направи некоја акција за постигнување на погодок. Трета замена кај Вардар, на местото на Тодоров во игра влезе Џуклески. Каква шанса имаше Дејан Стоименов, откако црвено-црните избегнаа офсајд замка, Стоименов издржа дуел со последниот противнички стопер излезе сам со голманот, но ударот е одбранет. Ја имавме победата во раце, но немавме среќа во завршниот удар. Академија Пандев врати за неискористената шанса, речиси во последните минути од мечот успева да поведе со 1:0, што беше и конечен резултат на ова финале.