Женскиот ракометен клуб Вардар одигра вчера еден од заостанатите натпревари од плејофот во Супер лигата. Ние гостувавме во Куманово кај истоимената екипа. Во овој четврти дуел за нас во плеј-офот остваривме висока победа со двесет гола предност, мечот заврши со резулат 20-40 за црвено-црните девојки.
Вардарки уште од првата минута покажаа “кој е газда„ тие направија разлика уште во воведните минути од мечот, кога го започнавме мечот со серија 0-5. Веднаш потоа домаќинките погодија за првпат, но вардарки отидоа на двоцифрена разликата со серија 1-7 по која водевме со десет гола односно 12-2 на половина од првиот период. По ова дојде до балго опуштање во нашите редови и почна да се игра игра гол за гол на двете страни, разликата остануваше иста плус десет. На пауза успевме да одиме и со гол повеќе односно со 11 разлика, на одмор се замина со 10-21. Првата половина во второто полувреме беше слична како и втората од првата, разликата остануваше двоцифрена во наша корист. На средината од вториот дел односно во 45 минута водиме со 17-28. Во последната четвртина од мечот влегуваме во пеколен ритам и со серија од 1-7 се одлепуваме на 35-18. Во финишот ја зголемувавме предноста, крајната победа од 40-20 беше највисоко водство кое го имавме на овој меч. За избраничките на Кастатовиќ и Камара четврта победа од исто толку одиграни дуели во лигата. ЖРК Вардар: Петковска, Лејно, Суслина, Кликовац, Дамњановиќ, Лазовиќ 6, Дембеле 2, Сокач, Пенезиќ 2, Черноиваненко 7, Човиќ 9, Ихнева 3, Хмирова 4, Ристовска 4, Грбиќ 3.