Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Кале и ГРК Гостивар се финалисти во машкиот дел на “Јуниор“ лигата
РК Кале и ГРК Гостивар се финалисти во машкиот дел на “Јуниор“ лигата

РК Кале и ГРК Гостивар се финалисти во машкиот дел на “Јуниор“ лигата

Вчера во спортскиот рекреативен центар Кале беа одиграни полуфиналните натпревари од женскиот и машкиот дел на Јуниор лигата, за генерации родени 2002/03 и 2004/05 година. Можноста да се борат за првото место во машкиот дел ќе имаат екипите на РК Кале и ГРК Гостивар

Екипата на РК Кале заслужено се најде во големото финале, совладувајќи ја екипата на РК Урдаревски. Конечниот резултат гласеше 24:18. Победничкиот тим во текот на целиот натпревар имаше постојана предност, не дозволувајќи на Урдаревски ниту во еден момент да биде во позитива. Во првите десет минути, РК Кале имаше постојано водство, но не поголемо од два гола разлика. При резултат 7:6, тимот на РК Кале успева со серија од четири последователни погодоци да се одлепи на највисоки 11:6. За момент, РК Урдаревски успева да го намали резултатот на 11:8, но до крајот на првото полувреме Кале успева со нова серија од 4:1, на полувреме да замине со најголеми шест голови разлика 15:9.

srede

Добрата серија продолжува и во вториот дел со два нови гола за веќе предност од 17:9. Стекнатата предност им овозоможи на екипата на Кале во продолжение од мечот да го контролира резултатот и играта на теренот. Највеќе што успеа да стори, РК Урдаревски е да намали на 22:17 на две минути пред крајот на мечот.Прв стрелец во победничкиот табор беше Коруновски со 4 гола, Личовски и Костадиновски постигнаа по 3 погодоци. Така РК Кале триумфираше и се најде во големото финале, кај генерација родени 2002/03 година, каде ќе игра со екипата на РК Преспа, која беше подобра од РК Бисинов.

Финале и за екипата на ГРК Гостивар, кај генерација родени 2004/05 година, која беше подобра од тимот на Академија 2. И тука сеосема залсужена победа за екипата на Гостивар, која имаше водство во текот на целиот меч. Само во првата минута од натпреварот, Академија 2 успеа да го израмни резултатот на 1:1, по што следуваше серија на ГРК Гостивар од четири погодоци за водство од 1:5. Академија 2 успева да намали на 3:5, но од тие моменти следиме целосен “распад“ во играта на Академија 2, дозволувајќи му на Гостивар да направи серија од 0:7 за највисоки 3:12, по што беше јасно кој ке победи на овој меч. Инаку на полувреме се замина со резулатат 3:10. Се што успеа да стори во вториот дел, екипата на Академија 2 е да намали на 9:14. Во последните 7 минути, Гостивар го контролираше резултатот и забележа триумф 14:20. Противник на Гостивар во големото финале ќе биде екипата на Академија 1.