Двојна круна за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар во оваа натпреварувачка сезона. Оваа генерација успеа да ги обедини двата трофеи и да биде најуспешна од Вардаровите екипи, кои се натпреваруваа во првенството и купот. Во последното коло успеавме да триумфиравме на “незгодното“ гостување во Куманово, против Милано и на тој начин да ја освоиме шампионската титула. Против истиов противник славевме и во финалето на купот, кога победивме со резултат 3:1. Од денес ги започнуваме настапите на турниорт на “пријателство“, а прв противник ни е екипата на Партизан. Еден од играчите кои најчесто влегуваше од клупата за резерви беше Милан Благојевиќ, кој знаеше да биде “џокер“ на тренерот Тодоровски, постигнувајќи неколку погодоци во пролетниот дел од сезоната.
-Утакмицата со Милано беше одличен натпревар, иако ни беше една од најважните утакмици оваа сезона, сепак ние очекувавме победа. Најважната утакмица од сезоната не ни правеше голем притисок. Оваа сезона беше поуспешна за разлика од претходната кога не освоивме двојна круна. Задоволен сум од своите настапи кои ги одиграв оваа сезона. Сега сме сконцентрирани на турнирот во Бјелина и се надеваме на успех на турнирот, изјави Милан Благојевиќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски