Денес на фудбалските терени на ФФМ се одигра финалето во генерација 2007, во истото се сретнаа фудбалскиот клуб Вардар и екипата на Нова Колонија. Во големото финале победник е Вардар кој се закити со признанието “Шампион на Македонија„. Избраниците на Томче Трајановски однесоа победа со два погодока во вториот дел од мечот.
Мечот двете екипи го почнаа во “грч“ бидејќи беше големо резулатското значење, а на теренот беа најмалите фудбалери кои се натпреваруваат во детската лига. Први почнавме со атаци со цел да дојдеме до погодок. Прва голема прилика за нас имаше Милош Спасовски од слободен удар, но не успеа да ја реализира истата. Потоа ја имавме топката во нашите нозе во продолжение, се заканивме и преку Стефан Младеновски кој упати удар над пречката со глава по изведен корнер од левата страна на теренот. Лука Јаневски брани фантастична топка упатена во горниот десен агол, тој се исфрли од место фантастично. Во продолжение имаме шанса преку Борјан Томовски која голманот на Нова Колонија со интервенција во последен момент ја исфрла во корна, тоа беше последне прилика сериозна за нас во првиот дел.
Во вториот дел почнавме да играме дефанзивно во првите моменти. Прва голема прилика во вториот дел имаа играчите на Нова Колонија, сепак пред себе го имаа Лука кој со пад во нозе одбрани фантастично. Поведуваме од корна кога од десна страна лукаво дирекно во гол погоди Милош Спасовски. Топката го посака и влезе во голот, за водство од 1:0 Потоа имавме шанса преку Стефан Младеновски кој неуспеа да погоди. Погодуваме и вторпат на овој меч , за резултат 2-0 кој после ќе се покаже како конечен одлично погодува во соло продор Петар Мицевски. Голема шанса за 3-0 пропуштивме преку Младеновски. Големо браво за сите линии во вардаровиот тим, имавме одличен тимска одбрана , нападот беше ефикасен, голманот на ниво , тренерот мудро ја водеше екипата, а измените беа на ниво како и првотимците. Марко Крстевски покажа голема фудбалска мајсторија од како по дегажман на Лука ја прими топката и со волеј шутна крај голот. Тоа беше последна голема прилика за нас. До крајот за одбележување се двете фантастични одбрани на Лука Јаневски , тој доби и признание за своите интервенции од ФФМ бидејќи е прогласен за “Голман на сезоната“.
Честитки од нашата редакција за нашите најмлади надежи, кои покажаа карактер да победат и како треба да се бранат црвено-црните бои. Секако тука е и тренерот Томче Трајановски кој е одличен фудбалски “педагог“.