Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > 17 победа за РК Вардар 2 во првата ракометна лига
17 победа за РК Вардар 2 во првата ракометна лига

17 победа за РК Вардар 2 во првата ракометна лига

На две кола до крајот на првата ракометна лига, екипата на РК Вардар 2 успеа да обезбеди пласман во разигрувањето за пласман во најсиланта супер лига. Избраниците на Стојан Петрушевски со победата против Струга, која беше вкупно 17-сета за нив во дебитантската сезона во супер лигата, се сигурни на втората позиција. Далеку сме пред екипите на Младост, Преспа и Риниа, кои се многу далеки од загрозување на второто место. Првото место му припаѓа на ХЈС Работник, кој веќе е нов учесник во најсилната супер лига од следната натпреварувачка сезона.

Добрата одбрана, пред се во првото полувреме беше пресудна за конечниот триумф на црвено-црните. По првите 30 минути и дозволивме на домашната екипа да постигне само седум погодоци, што е премалку доколку сака да се направи нешто повеќе против екипата каква што е Вардар 2. Од самиот почеток на мечот имавме предност, која како одминуваше дуелот се повеќе растеше. По првото полувреме имавме убедлива предност од 18:7. Во вториот дел примивме повеќе погодоци, но нападот повторно беше на висина на задачата. Конечниот резултат гласеше 33:23. Најефикасен во нашите редови беше Тоше Ончев со постигнати 9 голови.

До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат да одиграме уште два натпревари, против екипите на Текстилец, која е наш должник од првиот дел на сезоната и Куманово.

РК Вардар 2: Кизиќ, Брауновиќ, Димов 4, Димоски 1, Анастасовски 1, Наумовски 2, Стојковски 1, Дамчески 1, Стошиќ 2, Љубески, Трпчевски 4,  Кукуловски 1, Калков, Крстевски 7, Димовски, Ончев 9, Брауновиќ.