Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски: Наградата за најдобар стрелец е најголемо признание за еден играч на својата позиција
Георг Стојановски: Наградата за најдобар стрелец е најголемо признание за еден играч на својата позиција

Георг Стојановски: Наградата за најдобар стрелец е најголемо признание за еден играч на својата позиција

Фудбалскиот клуб на Вардар (1) генерација родени “2004“ година го освоија третото место на завршниот турнир во детската лига. Оваа екипа предводена од тренерот Арсовски на крајот се закити со бронзениот медал, откако во борбата за третото место беа убедливо подобри од екипата на Дарданет. Претходно во полуфиналето го загубивме мечот против екипата на Брегалница, откако противникот беше посреќен во изведувањето на удари од белата точка. За малку фалеше да се случи меѓусебно финале на двете Вардарови екипи, но сепак Вардар (2) во големото финале го “одмазди“ поразот на своите соиграчи и успеа да го добие големото финале. Убедливо најдобриот голгетер на оваа генерација во текот на целата сезона беше Георг Стојановски, кој за нашиот сајт ни ги сподели впечатоците од изминатата сезона и завршните мечеви во детската лига.

-Презадоволен сум од завршните натпревари, кои ги одигравме на терените на фудбалската федерација на Македонија. Сепак мора да кажам дека ми е многу жал што не се пласиравме во финалето, посебно заради тоа што имавме успешна сезона со многубројни победи. Тука беа и силните меѓународни турнири во Бугарија, па мислам дека на крајот заслуживме со трофеј да ја завршиме сезоната.

Со вкупно 7 постигнати голови, Георг ја понесе наградата за најдобар стрелец во својата генерација, што претставуваше уште една сатисфакција за неговата одлична сезона.

-Се надевам дека наредната година ќе ги оствариме зацртаните цели, бидејќи работиме напорно со мојата екипа на чело со тренерот Филип Арсовски и функционираме како едно големо семејство. Наградата за најдобар стрелец е најголемо признание за еден играч на својата позиција, изјави Георг Стојановски за Вардар Фанс,

Звонко Ивановски