Девојките на Симе Симовски го одиграа последниот натпревар сезонава. Во истиот се сретнаа со претпоследната екипа во плеј-офот Куманово. Во мечот кој требаше да биде само формалност се намачивме и победивме со 25-20. Треба да се напомене дека гостинките допатуваа со само 10 ракометарки на овој последен дуел.
По почетното водство мечот имаше тенденција на добиен дуел за црвено-црните, но девојките од Куманово израмнија на 7-7. Во продолжение изненадувачки имаа водство од два гола со серија од 2-4 поведоа со 9-11, а потоа и со 10-12. Девојките од Јуниор се соземаа бидејќи за нив овој меч значеше заверување на вице-шампионската титула во женска конкуренција. Правиме во финишот од првиот дел серија 3-0 и успеваме да отидеме на полувреме со предност од 13-12. “Шокантното“ прво полувреме за младите вардарки беше минато, во вториот дел тие тргнаа фуриозно во нападот и цврсто во одбраната. Успеваме да направиме голема и клучна серија од 8-0, по која поведовме 21-12. Мечот беше решен потоа одиме во продолжение и на највисоки девет гола плус при резулат 24-15. До крајот се беше формалност, нашите девојки опуштено и славенички ги одиграа последните минути по кој мечот заврши со 25-20. Сепак најважно за младиот женски ракометен колектив останува резулатот од натпреварот меѓу првотимките на Вардар и ЖРК Металург, меч во кој несомено избраничките на Кастратовиќ и Камара се апсолутни фаворити. По нивната повеќе од очекувана победа може и официјално да се прослави вице-шампионската титула што е најголем успех во кратката историја на ЖРК Вардар Јуниор. Прва “ударна играл“ на дуелот беше Нолеска со 10 гола, а втор стрелец беше секогаш борбената Керамитчиева со 4 погодока.
Вардар јуниор: Белмезова, Петровска, Стојановска, Ѓеорѓиевска 3, Николовска 1, Митова 3, Бојанџиска, Ладева, Нолеска 10, Велкова, Трајковска, Џини, Керамитчиева 4, Мишевска 1, Гичевска 3.