Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Штербик во најдобрите одбрани на сезоната во ЕХФ Л.Ш
(ВИДЕО) Штербик во најдобрите одбрани на сезоната во ЕХФ Л.Ш

(ВИДЕО) Штербик во најдобрите одбрани на сезоната во ЕХФ Л.Ш

Несоменена е големината во европски и светски рамки на името “Арпад Штербик“, црвено-црниот ракометен колектив ја има привилегијата баш оваа светска голманска институција да го брани нашиот гол. Вардар веќе ја заврши ЕХФ Лигата на шампионите, но во изборите неодминлив е  нашиот голман  Арпад Штербик. Тој најде место во  изборот меѓу најдобрите одбрани во цела сезона во елитната лига. Интервенцијата која се најде  помеѓу најдобрите е од дуелот  со Висла. Нашиот голман одбрани нешто фантастично незапамтливо по ударот  на Иван Никчевиќ. Што се покажа како “виза“  на  Вардарза четвртфиналето од ЛШ. Штербик тогаш имаше зад своето име неверојатни 17 одбрани, во меч кога РК  Вардар победи минимално 25:24.

Видеото од овој избор на најдобрите одбрани во цела сезона во Л.Ш може да го погледнете-  тука.