Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Симов Голманот на Силекс : И ден денес ми одѕвонува во ушите “Со години го чекавме моментот .
Симов Голманот на Силекс : И ден денес ми одѕвонува во ушите “Со години го чекавме моментот .

Симов Голманот на Силекс : И ден денес ми одѕвонува во ушите “Со години го чекавме моментот .

Во пресрет на дуелот во недела екс Вардарецот сега голман на Кратовци Горан Симов е најпогоден да искоментира  за мечот кој ќе го отвори Македонското фудбалско првенство пролетва. Симов беше три години дел од Вардар се закити со две титули како член на Црвено-Црните од Скопје . По крајот на договорот со Вардар Симов замина во тогаш второлигашот од Кратово како слободен играч  .Со кој експресно за само една сезона се врати да брани на прволигашките терени во земјава .   Го прашавме ветеранот какви се неговите спомени од времето кога беше помеѓу стативите на Скопјани .

Многу убави спомени ме врзуват со ФК Вардар . Таму минав три прекрасни години и освоивме две Шампионски одличја . Особено првата што ја освоивме после долг пост беше многу емотивно за мене идругите фудбалери за навивачите . И ден денес ми одѕвонува во ушите песната од Комити “Со години го чекавме моментот ..

Сега улогите се сменети Симов ќе биде на голот на кој Вардарци ќе атакуваат со цел да донесат 3 бода за зачувување на лидерската позиција од незгодното гостување кај трикратниот Македонски првак.  Симев го споделува со нашите верни фанови негово мислење за мечот во недела и за тоа како гледа  на амбициите на двата клуба .

- Во недела како и насекој меч во мојата кариера ќе го дадам својот максимум да победам заедно со мојот тим. На крајот од мечот доколку не успејам ќе подадам рака на подобриот во дуелот . Во дуелот Вардар влегува како голем  фаворит ама не секогаш фаворитот на хартија гиосвојува 3те бода. Амбициите на мојот моментален тим се да го освоиме 4то место во Македонското Фудбалско првенство.  Вардар е оваа сезона најголем фаворит за титулата во Првата лига но тоа мора да се оправда со многу добри игри на теренот. За крај порачувам за мечот во недела нека подобри подобриот , очекувам голема битка на теренот, поздрав до Вардаровата јавност – Изјави Симов Екс Голманот на Вардар за нашиот сајт