Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар јуниор и официјално вицешампион на Македонија

ЖРК Вардар јуниор и официјално вицешампион на Македонија

Кратката историја на вториот женски црвено-црн колектив ЖРК Вардар јуниор од оваа сезона е побогата за уште неколку за нив историски подвизи. Најпрвин оваа сезона младите девојки предводени на клупата од одличниот стручњак и познавач на приликите во женскиот ракомет селекторот на Македонија Симе Симовски во европските ракометни купови остварија одличен резултат.  Тие стигна на “прагот“ од полуфиналето во Челинџ Купот.

Во четвртфиналето се сретнаа со екипата на Карпати од Украина  тим кој беше позрел од нашите млади девојки и успеа да стигне во полуфиналето, но самиот пласман дотука беше голем успех.  Тие претходно во ова  европско натпреварувања беа подобри од екипите на Лондон Ејнџелс од Англија  и српска Војводина Минаква. Во супелигашката конкуренција нашите девојки успеаа да се пласираат лесно во тимовите кои ќе играат плеј-оф за титулата во кој се приклучија последни првотимките на црвено-црните. Најголем ривал за нашите млади вардарки за остварување на втората позиција (првата одамна беше “резервирана“ за составот на Кастратовиќ и Камара) што беше императив, беше тимот од Автокоманда екипата на ЖРК Металург. Во меѓусебните дуели успеавме да имаме подобар скор, откако првин бевме поразени на гости сепак среќата се насмевна и на 18-ти месецов во “Јане Сандански“ ги победивме со 25-19 што донесе позитивна гол разлика во нашиот меѓусебен дуел со сино-белите девојки. За официјално да бидеме второпласирана екипа моравме да го почекаме дуелот ЖРК Вардар- ЖРК Металург, бидејќи до вчера имавме исто бодови со металурзите, подобар меѓусебен дуел сепак они имаа меч помалку и “шанса“ за бодови. Сепак несомениот квалитет на првиот тим на Вардар дојде до израз тие 34:28 остварија победа и воедно го потврдија вице-шампионското место на помладите “сестри“ во сезоната 2015/2016. Ова е голем успех досега најголем за младиот тим, но и за Вардар како бренд во женскиот ракомет бидејќи ги држиме позициите “еден-два“  во Скопско Супер лигата, а воедно по долги години успеавме Металург да има пласман под втората позиција. Браво девојки за вашата одлична сезона. Честитки и до Симовски кој ги водеше младите дами низ оваа сезона до успех најголем во историјата на овој новоформиран колектив.