Денес на програмата во ракометната вардарова Јуниор лига е финалниот ден. Во второто финале денес Академија-1 беше подобра од ГРК Гостивар – Вардар во финалниот дуел кај генерација 2004/2005. Ова беше меч во машка конкуренција и се играше во големата сала при С.Ц “Јане Сандански„.
Први со погодок мечот го отворија ракометарчињата на Академија-1, а потоа со уште два последователни погодоци поведоа со 3-0 на почетокот. Во оваа генерација мечевите се играа 2х15 минути. Гостивар успеја да погоди првпат во 4 минута по што следеа уше два гола во неговата мрежа со што Академија-1 отиде на највисокото водство “четити плус“ односно на семафотот во големата сала при С.Ц “Јане Санднаски„ стоеше 5-1. Следеа минути во кој целосно доминираше на теренот другата екипа a тоа беше Гостивар, тие прват направија серија 2-5 и успеаа на одмор да заминат само со гол негатива 7-6 од како ја сопија предноста на Академиај-1. Гостиварските ракометари успеваат и да изедначат на 7-7 во вториот дел, но следи пеколна серија на Академија која прави 6-1 и поведува со 13-8, водство кое ќе го задржи до крајот и кое ќе донесе “злато“ на овој дуел во генерација 2004/2005. До крај на играта Гостивар заигра поангажирано полека го топеше водството на Академија-1, сепак безуспешно бидејќи Академија однесе победа со 18-16 во овој меч, во кој двете екипи одиграа коректен и убав дуел. Најдобар стрелец кај победниците беше Славевски со 8 гола и Андовски со 6, а кај поразените Селмани со 5 гола беше најистакнат.