Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Драгана Маркоска- Признанието за најдобар голман ми значи, Јуниор лигата ја гледам како шанса за место во младинските екипи на Вардар

Драгана Маркоска- Признанието за најдобар голман ми значи, Јуниор лигата ја гледам како шанса за место во младинските екипи на Вардар

n10

По завршувањето на првиот финален ден во саботата во ракометната Јуниор Лига после  колективните признанија за екипите и  на најдобрите поединци им се доделуваа и награди. Се избираа најдобар голман, стрелец и играч во една генерација. Наградите ги предадоа  Раул Гонзалес, Дејвис Камара и г-н Капушевски кој по крајот на манифестацијата одржа говор ги поздрави присутните од сопственикот г-н Сергеј Самсоненко, кој кажа дека раководството е задоволно од проектот “Јуниор“ лига. Кај девојките во  Генерација 2002/2003 женски признанието за “ Најдобар чувар на мрежата“ го освои  Драгана Маркоска од РК Кале Вардар -Кичево. Вардар фанс како неуморен следбеник на сите црвено-црни збиднувања од ова  млада дама побара мислење за важноста на ова признание за неа и да не запознае по кој пат се стига до вакво признание.

Со ракомет се занимавам од најрана возраст, почнав да тренирам на шест и пол години во РК Кале Кичево кој е  мој прв клуб . Во клубот работиме со тренерите Кузмановски Драган и Ѓоко Маркоски, кога дојдов во екипата немаше голман ми предложија да се обидам и одтогаш датира моето “дружење со голот“. Наградата за најдобар голман во мојата генерација ми значи многу , таа ми е потик за да работам и понатаму. Ова е  моја втора награда и се надевма ќе продолжам да со големи успеси во иднина.

Младата  Драгана Маркоска за проектот “Вардар Јуниор Лига“ во кој има шанси да настапува и да ги усовршува својте голмански знаења во мечеви со својте врснички го изјави следново:

Вардар  јуниор лигата ја гледам како предизвик која ќе ме одведе до младинските тимови на Вардар . Од оваа лига најголем впечаток ми остава преубавата организација на Вардар и дружењето и запознавањето нови другари и другарки. Се надевам дека ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати-  изјави за нашиот сајт Драгана Маркоска.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ.