Во мечот за трето место помеѓу екипите на Академија 2 од едната страна и ракометните надежи на РК Ново Лисиче Вардар поуспешен колектив во меч со тесен резулат беше Ново Лисиче. Ова беше дуел во генерацијата родени 2002година и 2003 година, во женса конкуренција и истиот се одигра во саботата во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје.
Први со гол го стартуваа мечот девојките од екипата на Ново Лисиче по што веќе во следниот напад Академија-2 изедначи. Следуваше првата серија на мечот кога со 4-0 Ново Лисиче отиде на “плус четири“ односно 5-1. Докрајот игра гол за гол на двете срани израмнет ракомет на теренот во малата сала, двата тима имаат совј моменти. Двата женски состави погодуваат по петпати докрајот и со највисоката разлика за Ново Лисиче од четири гола се заминува на одмор, резултатот на семафорот во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“ на полувремето е 10-6. Вториот дел односно неговите почетни минути ги одбележа одличната игра на девојките на Академија-2 кои како препородени по одморот тргнаа офанзивно во нападот и цврсто во одбраната. Тие направија неверојатна серија 7-0 и го преземаат водството до Ново Лисиче, тие поведуваат 10-13. И кога сите помислија дека тимот на Ново Лисиче 2 “скршен“ се случи токму спротивното. Тие сега со исто така одлична серија 6-1 до крајот успеваат да ја однесат победата и “бронзата“ во оваа возрасна актегорија. Најдобар стрелец кај победниците беше Ивана Џатевска со 5 погодоци, понеа најефикасна беше Василева Јана со 4 гола, а Петревска Миа постигна 3. Кај поразените наистакнат поединец беше Јовевска Сандра со 5 гола.