По завршувањето на првиот финален ден во саботата во ракометната Јуниор Лига после колективните признанија за екипите и на најдобрите поединци им се доделуваа и награди. Се избираа најдобар голман, стрелец и играч во една генерација. Наградите ги предадоа Раул Гонзалес, Дејвис Камара и г-н Капушевски кој по крајот на манифестацијата одржа говор ги поздрави присутните од сопственикот г-н Сергеј Самсоненко, кој кажа дека раководството е задоволно од проектот “Јуниор“ лига. Кај девојките во Генерација 2002/2003 женски признанието за “ Најдобар чувар на мрежата“ го освои Драгана Маркоска од РК Кале Вардар -Кичево. Вардар фанс како неуморен следбеник на сите црвено-црни збиднувања од ова млада дама побара мислење за важноста на ова признание за неа и да не запознае по кој пат се стига до вакво признание.
Со ракомет се занимавам од најрана возраст, почнав да тренирам на шест и пол години во РК Кале Кичево кој е мој прв клуб . Во клубот работиме со тренерите Кузмановски Драган и Ѓоко Маркоски, кога дојдов во екипата немаше голман ми предложија да се обидам и одтогаш датира моето “дружење со голот“. Наградата за најдобар голман во мојата генерација ми значи многу , таа ми е потик за да работам и понатаму. Ова е моја втора награда и се надевма ќе продолжам да со големи успеси во иднина.
Младата Драгана Маркоска за проектот “Вардар Јуниор Лига“ во кој има шанси да настапува и да ги усовршува својте голмански знаења во мечеви со својте врснички го изјави следново:
Вардар јуниор лигата ја гледам како предизвик која ќе ме одведе до младинските тимови на Вардар . Од оваа лига најголем впечаток ми остава преубавата организација на Вардар и дружењето и запознавањето нови другари и другарки. Се надевам дека ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати- изјави за нашиот сајт Драгана Маркоска.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ.