Двојна круна за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар за изминатата натпреварувачка сезона. Избраниците на Сашо Тодоровски успеаа да ги обединат два трофеи, што ги прави да бидат најуспешната генерација. Нашите пионери се единствените кои го освоија првенството и купот, од сите екипи кои учествуваа во двете натпреварувања.
Признанието за најдобар стрелец повторно му припаѓа на Марко Ѓорѓиевски, кој втора година по ред е најфикасен играч за оваа генерација. Ова момче ја доби наградата за најдобар млад стрелец за сезоната 2014/15 година, со вкупно 37 постигнати голови што е големо достигнување за играч на тие години. Оваа натпреварувачка сезона исто така беше број еден голгетер за својата екипа и тоа убедливо пред сите други. Сезоната 2015/16 година ја заврши со вкупно 22 погодоци и тоа 16 во првенството и 6 голови во националниот куп. Има нешто послаб есенски дел со само 7 голови зад неговото име, но во пролетниот дел ја подигна формата на поголемо ниво, постигнувајќи многу важни погодоци, кои на крај значеа двојна титула за Вардар. Во финалето на купот го победивме Милано со 3:1, а токму два гола постигна Марко. Втор на оваа листа на најдобри стрелеци кај пионерите се наоѓа репрезентативецот Јакуп Бериша, додека вистинско изненадување во пролетниот дел беше новото засилување Саит Битиќи.
Вака изгледа листата на најдобри стрелци кај пионерите за изминатава сезона:
1. Марко Ѓорѓиевски 22 ( 16- лига, 6-куп).
2. Јакуп Бериша 13 ( 9-лига, 4-куп)
3. Саит Битиќи 11 ( 9 -лига, 2-куп)
4. Кренарт Дарлишта 9 ( 6 лига, 3-куп)
5. Александар Ѓоргиески 7 ( 6 лига, 1-куп).
6. Елвир Рамиќ, Милан Благојевиќ и Кристиан Ристовски по 4 погодоци.
7. Никола Ѕурѕу 3 ( сите во првенство).