Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Проектот „Тренинг камп на ФК Вардар“ ја доби гран-при наградата на XVIII Биенале на македонската архитектура
Проектот „Тренинг камп на ФК Вардар“ ја доби гран-при наградата на XVIII Биенале на македонската архитектура

Проектот „Тренинг камп на ФК Вардар“ ја доби гран-при наградата на XVIII Биенале на македонската архитектура

Проектот  за изградба на Тренинг камп на фудбалскиот клуб  Вардар ја доби гран-при наградата на XVIII Биенале на македонската архитектура. Оваа манифестација  е организирана од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Овој  настан годинава се одржа  под следниот насловот „Рециклирана архитектура“,  наградени беа  четворицата архитекти : Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски кои работеа на проектот „Тренинг камп – ФК Вардар“. Со изградбата на ова здание фудбалскиот црвено-црн колетив е единствен во земјава кој имам вакви европски услови за подготовки. Во тренинг кампот покрај терените кои овозможуваат услови за тренинг во секакви временски услови бидејќи едниот е со природна а другиот со вештачка трева има и дузина други можности. Постојат соби и апартмани за одмор и карантинско сместување, соби за видео анализа, за медицински прегледи, простории за индивидуални разговори и.т.н. Овој тренинг центар го смести вардаровиот тим помеѓу европските гиганти кои имаат ваков простор за подготовки.