Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат победите за генерација “2006“ на контролните натпревари
Продолжуваат победите за генерација “2006“ на контролните натпревари
тактика

Продолжуваат победите за генерација “2006“ на контролните натпревари

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година продолжува со одигрување на контролни натпревари. После победите против екипите на Фамос (17:1) и Драчево (9:1) избраниците на Игор Кралевски забележаа нов тримф. Овој пат противник ни беше екипата на Кул, која ја победивме со убедливи 17:1. Натпреварот се одигра на Академијата на ФК Вардар, две полувремиња по 30 минути.

Најдобриот стрелец на оваа генерација, Давид Голубов постигна четири гола, а исто толку пати погоди и Максим Цониќ. Маро Николовски постигна хет-трик, Михаил Танчев и Стефан Коловски постигнаа по два гола, додека по еден беа дело на Михаил Николов и Мирза Хасиќ. Се играше во формација 6+1, како подготовка за следната натпреварувачка сезона.