Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Црна Гора ја победи Македонија, ракометарките на Вардар расположени за игра во двете репрезентации
Црна Гора ја победи Македонија, ракометарките на Вардар расположени за игра во двете репрезентации

Црна Гора ја победи Македонија, ракометарките на Вардар расположени за игра во двете репрезентации

Во рамките на 5 коло од квалификациите за европското ракометно првенство, селекцијата на Црна Гора излезе како победник во дуелот со Македонската репрезентација. Овој меч се одигра на Кале, пред околу 550 љубители на ракометот. Конечниот резултат гласеше 21:27.

Цело прво полувреме се играше доста израмнето, а нашата подмладена селекција пружаше силен отпор на една од најсилните репрезентации. По првото полувреме гостите имаа минимално водство од 12:13. Во вториот дел на три наврати имавме предност од три голови разлика, но пресуди серијата на Црна Гора од 0:9. При наше водство од 20:17 во 47 минута, избраничките на Драган Аџиќ постигнуваат девет последователни гола, со што го направија решавачкиот чекор кон конечниот триумф. До крајот на мечот, Македонија избраничките на Симе Симовски успеаа да постигнат само еден гол.

Многу ракометарки на овој натпревар доаѓаа од редовите на ракометниот клуб Вардар. Во победничкиот тим Радичевиќ постигна 4 гола, додека Андреа Кликовац мечот го заврши со 3 гола. Итана Грбиќ исто така беше во составот, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Во составот на нашата репрезентација најефикасна беше Сара Ристовска со 6 постигнати голови, а Теодора Керамичиева постигна 4. Во листата на стрелци се запиша уште и Сара Митова со еден гол.