Минатиот викенд се одиграа финалните мечеви во ракометната Вардар јуниор лига, по чие завршување беа познати шампионите во сите генерации. Во генерацијата за ракометарки родени 2002 и 2003 година шампиони беа девојките од Академија-1, тие во финалето беа подобри од тимот на Катратовиќ Вардар 2002 со резултат 20-12. Антина Проеска, десното крило на Академија-1 беше дел од победничкиот табор кој се закити со златото во оваа возрасна категорија. Токму од неа ви носиме изјава освоеното злато на тимот, воедно побаравме одговор од кога се занимава со ракомет, чии член е и од кого ги научи ракометните вештини.
Почнав да тренирам ракомет на 12 години во РК Филип Вардар од Прилеп, мој прв тренер ми беше Александар Танески кој сеуште ме тренира. Настапувам на десната крилна позиција , таа позиција бара голема кондициона спремност и во тој дел сум вистински “ѕвер“, таа позиција можам да кажам дека за мене е идеална. Од сите мечеви во оваа сезона во Јуниор лигата немавме ниту еден пораз, а освојувањето на злато претставува најголема среќа во мојот живот. Бидејќи јас среќата моја ја поистоветувам со ракометот и љубовта кон него, тогаш верувајте дека ракометарската топка е мојот живот.
Таа имаше прилика да игра во првата веќе завршена сезона во ракометната Вардар јуниор лига, Проеска ни ги презенира своите ставовои за овој мега-проект на ракометните клубови Вардар кој е силен потик за создавање на млади ракометни црвено-црни талнти.
Проектот на Вардар за опфатеност на сите што се заинтересирани за ракомет е многу добро осмислен, претставува можност за секој млад човек да учествува и да си го пронајди своето место во спортскиот живот. Позитивно е тоа што и младите од сите градови на Македонија можат да бидат дел од овој проект бидејќи по некое непишано правило сите бенефити ги користат сите Скопјани. Горда сум што сум дел од овој тим и што давам придонес за поголем успех на проектот на Вардар. Воедно благодарам на моите тренери што вложија максимум на долгите исцрпувачки тренинзи за да во две години постигнам премногу. Несакам да го заборавам ни името на Драган Кузманоски човекот кој го водеше нашиот тим во вардаровата Јуниор лига.-изјави за нашиот сајт ракометната убавица Проеска.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ