Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери станаа вицешампиони на Македонија, со само еден пораз
Помладите пионери станаа вицешампиони на Македонија, со само еден пораз

Помладите пионери станаа вицешампиони на Македонија, со само еден пораз

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар се вицешампиони на Македонија во својата категорија, откако по одигрување на 22 кола го освоија второто место на табелата. Само еден бод повеќе од црвено-црните имаше екипата на Работнички, која на крајот стана шампион.

Оваа Вардарова генерација предводена од Сашо Јанев во пролетниот дел стартуваше од стартната позиција на табелата. Вкупно десет победи, еден нерешен резултат и ниту еден пораз беше учинокот за Вардарци по завршување на есенскиот дел од сезоната, каде имавме четири бода предност пред екипите на Работнички и Шкендија. Само еден примен погодок во нашата мрежа после 11 одиграни кола, ја правеше оваа генерација да биде најдобра во лигата. Пролетниот дел го стартувавме со дерби дуел против екипата која подоцна стана и шампион. Единствениот кој ни “откина“ бодови по првиот дел од сезоната, беше наш противник и во првото пролетно коло. На теренот на Алумина гостувавме на екипата на Работнички, против која повторно ремизиравме со идентичен резултат како и на првиот меч (1:1). Марио Асенов погоди од белата точка за израмнување, додека можеби поинаков тек ќе добиеше продолжението од сезоната доколку Давид Астарџиев пред истекот на регуларниот дел погодеше од скратен корнер. Сигурно дека причината за неосвојување на првенството ќе ја бараме на оној домашан натпревар и тоа во следното пролетно коло, против Прилепска Победа. Многу неискористени шанси за Вардар, кој беше голем фаворит на тој меч и триумфот беше и повеќе од очекуван, но среќата не беше на наша страна. Нереализирани неколку скратени корнери и шанси пред противничкиот гол, не доведе до ситуација веќе после две кола да го изгубиме лидерското место.

Неможевме вечно да немаме среќа. Мечевите со Пелистер и Еуромилк покажаа дека оваа генерација не го изгубила стариот сјај и на убедлив начин се врати на победите во лигата. Следеше нов важен натпревар за избраниците на Јанев, со вториот директен конкурент за титулата. Нашите млади надежи не го издржаа до крај притисокот во Тетово и покрај тоа што на два пати бевме во резултатска предност. Шкендија успеа да слави на тој меч со пресврт од 4:3, што беше прв и единствен пораз за нашите момци во изминатата натпреварувачка сезона. До крајот на првенството победивме на сите натпревари, но тоа сепак не беше доволно за освојување на првото место. Работнички исто така ги доби мечевите во своја корист, против сите противници, а титулата ја завери во последното коло на гостински терен против Ренова. На крајот 58 бода за Работнички и Вардар со 57 освоени бодови.

Ова се сите постигнати резултати во пролетниот дел од сезоната:

12 коло: Работнички – Вардар  1:1

13 коло: Вардар - Победа  0:0

14 коло: Пелистер – Вардар  0:3

15 коло: Вардар – Еуромилк 8:0

16 коло: Шкендија - Вардар  4:3

17 коло: Вардар – Шкупи  1:0

18 коло: А. Пандев – Вардар  0:1

19 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  7:0

20 коло: Металург – Вардар  1:2

21 коло: Вардар – Ренова 3:1

22: Милано – Вардар  0:4

Вкупно 18 победи за помладите пионери, три нерешени резултати и само еден пораз во сезоната 2015/16 година. Нападот беше на своето ниво со постигнати 69 голови, додека одбраната прими само 8 погодоци. Бројки со кои може да се пофали оваа генерација дека имаше одлична сезона пред себе, моменти на среќа сепак на крајот го одлучија шампионот. На ниту еден натпревар не бевме надиграни, покажавме задоволителен и офанзивен допадлив фудбал. Честитки за освоеното вицешампионско место, кое секако е голем успех за оваа генерација предводена од Сашо Јанев.

Резултати од сите контролни натпревари на помладите пионери:

Шкендија – Вардар  0:2

Вардар ( пом. пионери) – Вардар 2002  5:0

Македонија Ѓ.П – Вардар  0:5

Беласица – Вардар   0:4

А. Пандев – Вардар  0:1

Левски Софија – Вардар  1:2

Брегалница – Вардар  0:4

Шкендија – Вардар  0:2

Вардар (пом.пионери) – Вардар (пионери)  1:6

Вардар – Шкендија  3:2