Рано утринава во 05 часот, репрезентацијата на Ерменија одигра уште еден пријателски натпревар на турнеата на американскиот континент. По победата над Гватемала од 7:1, рано утринава ерменците ја победија и селекцијата на Ел Салвадор со 4:0. На оваа средба од првата минута настапи и нашиот играч Хофханес Хамбарџумјан.
Популарниот Хоф својата голгетерска форма продолжи да ја пренесува и за националниот тим. Денеска Хоф погоди во 8 минута од натпреварот за предност од 2:0 за својата селекција. Ова е голем плус за тренерот Седлоски, додека сите одмараат, Хамбарџумјан вредно работи со својата репрезентација, згора на се, постигнува и погодоци.