Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година продолжува со одигрување на контролни натпревари. После победите против екипите на Фамос (17:1) и Драчево (9:1) избраниците на Игор Кралевски забележаа нов тримф. Овој пат противник ни беше екипата на Кул, која ја победивме со убедливи 17:1. Натпреварот се одигра на Академијата на ФК Вардар, две полувремиња по 30 минути.
Најдобриот стрелец на оваа генерација, Давид Голубов постигна четири гола, а исто толку пати погоди и Максим Цониќ. Маро Николовски постигна хет-трик, Михаил Танчев и Стефан Коловски постигнаа по два гола, додека по еден беа дело на Михаил Николов и Мирза Хасиќ. Се играше во формација 6+1, како подготовка за следната натпреварувачка сезона.