Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Феноменални триесет гола постигнаа во два меча ФК Вардар генер.2003 во Јуниор лигата
Феноменални триесет гола постигнаа во два меча ФК Вардар генер.2003 во Јуниор лигата

Феноменални триесет гола постигнаа во два меча ФК Вардар генер.2003 во Јуниор лигата

Денес на терените на Академијата на ФК Вардар во Скопје се одигра последното, осмо коло од фудбалската Јуниор лига. Фудбалскиот клуб Вардар со генерацијата 2003 настапи на два дуели и оствари неверојатни две победи со постигнати триесет гола без ниеден примен.

На мечот со Слога Виница влеговме како голем фаворит што се покажа и на  крајниот резултат победивме со 19-0. Поведовме на почетокот брзо со 2-0 преку Дамјан Андреев и Благоја Јаневски. Виничани беа целосно оринтирани на дефанзива, но и тоа не им помогна многу.  Следеа нови три гола во нивната мрежа за “петардар“ со погодоците на Марио Петрушевски , Иван Пашариковски и Дамјан Андреев зголемуваме на 5-0. Играта во дефанзива на нашите противници е во целосен колапс лесно ги исфрламе од игра и погодуваме во продолжение. Иван Пашариковски најпрвин зголеми на 6-0 , а  во продолжение со два последователни гола Петре Тасевски зголеми на 8-0 на минута до крајот на првиот дел. Во последната минута погодува Благоја Јаневски за 9-0 резултат со кој се заминува на одмор.  Вториот дел почнува како што заврши и првиот со “голеада“ играчот што стави печат на првиот дел Јаневски погодува за 10-0.  Во следните пет минути зголемуваме на 14-0 со головите на Петрушевски, Јаневски, Алек Сељанац и Петре Тасевски. Младите гостински играчи се целосно надиграни, нивната игра во одбраната “пукна“ воопшто не ни успеваат да се заканат во офанзива. До крајот успеваме да погодуме уште пет пати во мрежата на виничани стрелци на тие голови беа : Ѓорговски, Ѓорѓиевски, Тасевски, и двапати погоди Дамјан Марковски . Мечот заврши со резулат 19-0.

000

На вториот натпревар нашите стрелци исто така беа активни, стрелаа немилосрно како во првиот меч, во истиот се сретнавме со екипата на Ново Лисиче и однесовме победа од 11-0. Отворивме со голот на Алек Сељанац за 1-0. Потоа имавме серија шанси преку Преловски и Андреев. Погодуваме за 2-0 со прекрасен евро-гол на капитенот Филип Ѓорѓиевски . Играчите на Ново Лисиче ја имаа својата најсериозна шанса со удар од пенал, но не успеаа да погодат . Одиме офанзивно, доминираме доаѓа и третиот гол, за 3-0 погодува Прелоговски. Шанса во продолжение за нов погодок пропушта капитенот Филип Ѓорѓиевски кој шутира во андворешниот дел од мрежата.  До крајот на првиот дел погодуваме двапати преку Благоја Јаневски и Дамјан Марковски, со резулат 5-0 се замина на одмор. Вториот дел почна како и првиот со погодок за нас прв мрежата на Ново Лисиче во вториот дел ја начна Прелоговски за 6-0. Добивме најстрога казна, пенал истата во гол за 7-0 ја па претвори капитенот Филип Ѓорѓиевски.  Продолжи нашето решетање на мрежата на скопскиот ривал Ново Лисиче погодуваме уште три пати во финишот преку Прелоговски, Пашариковски и Дамјан Андреев за “двојна петарда“ 10-0. До крајотза покажување на целосната наша доминација на мечот за конечни 11-0 погоди Прелоговски кој одигра еден одличен дуел со Ново Лисиче.